Македонија
5. April 2020 - 12:50

Седуммина се движеле за време на полицискиот час во Тетовско

Седум лица, од кои две малолетни, се евидентирани од полициските службеници на СВР Тетово како прекршители на одлуката за ограничено движење во периодот од 7 часот вчера до денеска утринава во 7 часот. Сега веќе вкупно 92 лица се евидентирани за непочитување на полицискиот час.

-Од седумте лица, двајца се малолетници. Еден од малолетниците добил опомена, додека останатите шест се приведени во полициска станица, земени им се податоци и за нив ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во самоизлозација со потпишани изјави сега има 16 лица, додека 121 имаат решенија за изолација, издадени од Државниот санитарен инспекторат.