Македонија
1. November 2017 - 16:37

Седуммина пратеници си заминаа од пратеничките клупи

Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Коста Јаневски и Максим Димитриевски од денеска и формално не се пратеници. По собраниската пауза поради локалните избори Талат Џафери денеска констатираше дека им престанува пратеничката функција за да заминат во градоначланичката фотелка која ја освоија на 15 октомври.  Петмината пратеници од редовите на СДСМ по констатирањето на оставките добија аплауз од владејачкото мнозинство, а потоа се поздавија со Џафери и своите сопартијци.

На денешната седница присуствуваат пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата.

На местото на избраните градоначланици се очекува да седнат Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадинов, Агим Муртезанов и Костадин Ацевски.

Собранието денеска констатира престанок на пратничките мандати и на пратениците Бардиљ Даути од ДПА и на Зеќирија Ибраими од БЕСА чии оставки, поради кандидатура за локалните избори, ги поднесоа претходно.

Се очекува уште една измена на собранискиот состав откако во вториот круг од локалните избори градоначалници станаа Благоја Бочварски во Штип и Курто Дудуш во Шуто Оризари. Престанокот на нивниот мандат ќе биде констатиран откако ДИК ќе ги прогласи резултатите од вториот круг на изборите за конечни.

По ваквите првични кадровски смени, парламентот продлжува со својата редовна агенда. Се очекува кон крајот на оваа недела и почетокто на наредната да продлжат седниците поврзани и зо законот за јазици, изборот на нов јавен обивнител, како и низа социјални закони подснесени од Владата, но и од опозицијата.