-->
-->
Седумгодишно дете во критична состојба откако во него удрил автомобил
-->
Седумгодишно дете е во критична состојба, откако во него удрил автомобил во близина с. Батинци, Скопско.
Како што соопшти МВР, синоќа во 20.35 часот кај мостот во с.Љубош кон с.Батинци, патничко возило „Нисан Навара“ со италијански национални ознаки, управувано од Т.С.(32) од с.Црни Врв, скопско, удрило во седумгодишно момче од с.Цветово, скопско.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување и се наоѓа во животна опасност.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи