Македонија
12. November 2015 - 8:47

Седумдесет години библиотека „Браќа Миладиновци“

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје денеска организира свеченост со која ќе бидат одбележани 70 години од постоењето на оваа установа. На настанот ќе биде промовирана и монографијата издадена по тој повод.

Во рамки на одбележувањето на годишнината ќе бидат доделени и пофалници на истакнати работници за особен придонес во работата и развој на Библиотеката и плакети на Град Скопје и Министерството за култура.