Loading Video...
Фудбал
27. November 2018 - 23:56

Седум тима се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампиони

 
 
Седум екипи обезбедија пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, по одигрувањето на средбите од претпоследнто 5.коло во сегментот од Е до Х групите.
 
 
Баерн Минхен кој го победи Порто убедливо со 5:1 и Ајакс со гостинскиот триумф над АЕК од 2:0 се двата тима од Е групата кои обезбедија осминафинале.
 
Манчестер Сити одигра нерешено 2:2 на гостувањето во Лион, додека Шахтјор со гол во 92-та минута го победи Хофенхајм на гости со 3:2, со што украинскиот тим си обезбеди шанса во последното коло на домашен терен само со победа на Лион да го освои второто место во Ф групата во која првото е резервирано за „граѓаните“.
 
 
Директната пресметка за првото место во групата Г му припадна на Реал кој на „Олимпико“ ја совлада Рома со 2:0, а по поразот на ЦСКА во Москва од Викторија Плзен со 1:2, Реал и Рома се пласираа меѓу шеснаесетте најдобри.
 
 
Од последната Х група, напролет во Лигата на шампионите ќе ги гледаме и Јувентус и Манчестер Јунајтед. Италијанскиот првак со 1:0 беше подобар од Валенсија, а Манчестер со голот на Фелаини во 91.минута го совлада атусајдерот Јанг Борс со 1:0.
 
 
Од првата половина на групите (А - Д) чии средби од 5.коло ќе се играат денеска (среда), само Барселона досега има осигурано место во осминафиналето.