Македонија
25. July 2018 - 16:25

Седум семејства останаа без кров над глава - Општината Гази Баба урна времен објект

7 семејства останаа на улица откако утрово багерите на Општина Гази Баба почнаа со рушење на монтажен  објект во студентскиот дом Стив Наумов. Со бебиња и мали деца сега се без покрив над глава.  Граѓаните бараат помош и реагираат на нехуманиот  однос од надлежните. Велат во овие објекти се неколку години затоа што  немаат каде да одат. На дел од нив им било понудено сместување во Чичино Село но не прифатиле бидејќи немало место за сите. 

Објектот се рушеше со интервенција на полицијата. Инспекторите реагираа и не ни беше дозволено да го снимиме живеалиштето на овие семејства.

Директорот на студентските домови за Сител вели дека не издале никому дозвола живеење во склоп на студентскиот а за оваа интервенција од општината биле известени како институција. Од општина Гази Баба накратко не информираа дека се работи за проект предвиден во програмата на градоначалникот, но за случајот со семејествата велат не се надлежни. Од министерството за труд и социјална политика не информираа дека заедно со Центарот за социјални работи на Град Скопје веќе работат на згрижување на овие семејства.

 „Лицата кои на диво се вселиле во студенсткиот дом Стив Наумов се иселени од страна на Општина Гази Баба. Нашите стручни лица веќе им понудија сместување. Две од вкупно седумте семесјтва, усмено се изјаснија дека сакаат да живеат во Чичино Село, но до овој момент сé уште немаат поднесено писмено барање. За останатите пет се бара најдоброто решение за нивно згрижување.“ стои во писмениот одговор на министерството.