Македонија
6. February 2021 - 17:58

Седум санкционирани мотоциклисти, два одземени мотори во Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје денска (06.02.2021) спроведоа акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават мотоциклистите.
Санкционирани се седум мотоциклисти, а одземени се и два мотори, согласно член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој стапи на сила на 26.12.2020. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.