Македонија
21. May 2018 - 9:14

Седум општини ќе потпишат договори за финансирање пречистување на отпадни води

Договори за доделување на финансиски средства на локалните самоуправи за изработка на техничка документација и изградба на канализациони системи и системи за одведување и пречистување на отпадни води ќе потпише денеска министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки со градоначалниците на седум општини.

Средствата, како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, се доделени согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2018 година.

Договорите ќе бидат потпишани со општините Тетово, Липково, Врапчиште, Град Скопје, Шуто Оризаре, Битола  и Берово.