Македонија
10. August 2020 - 18:16

Седум новозаразени и едно лице оздравено од коронавирус во Кичево

Во Кичево денеска се регистрирани седум нови заразени лица и еден оздравен пациент, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна на 201 лице, од кои 120 се активни, 72 се излекувани и девет лица се починати.

– Денеска кај нас имаме седум новозаболени лица и сите се лекуваат во домашни услови под надзор на матичниот лекар и се разбира дека со во изолација, за среќа пак имаме само едно оздравено лице од коронавирусот, информира Д- р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево .

Тој апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.