Кошарка
18. October 2016 - 17:02

Седум младински кошаркарски селекции пријавени за настап во 2017 година

Продолжува заложбата на раководството на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) за континуиран настап на нашите млади селекции на Европските првенства, се со цел за што подобар напредок и усовршување на нашите млади кошаркари и кошаркарки во натпреварите против квалитетните противници.  
 
МКФ реши пет млади селекции на Македонија да учествуваат на Европските шампионати во 2017  година, а репрезентациите до 14 години во машка и женска конкуренција да настапат на турнирот во Словенија.  
 
Машката селекција до 20 години е пријавена за Европското Првнство  дизвизија Б  кое ќе се игра следната година од 15-23 јули 2017. Јуниорска селекција за кошаркари до 18 години(У-18) ќе биде дел од ЕП дивизија Б од 29 јули до 6 август. Нивите врснички, женската селекција(У-18)  ќе игра на ЕП Дивизија Б од 5 до 13 август во 2017. 
 
На континеталните шампионати ќе учествуваат и македонските национални тимови за кошаркари и кошаркарки до 16 години. Кадетите ќе играат на ЕП Дивизија Б од 11 до 19 август 2017, додека кадетките во дивизија на првенството кое ќе се одржи од 18 до 26 август во 2017 година.
 
На меѓународната сцена ќе настапат и македонските репрезентации во машка и женска конкуренција до 14 години. Нашуте најмлади селекции и во 2017 ќе бидат дел од силниот Меѓународен турнир во Словенија под покровителство на ФИБА.