Свет
25. September 2016 - 13:16

Седум лица загинаа во нов самоубиствен бомбашки напад во Багдад

Бомбаш самоубиец се разнесе денеска во една трговска улица во Багдад, при што загинаа седум, а повредени се 28 луѓе, соопшти полицијата.

Самоубиствениот напад се случи во главно шиитскиот кварт Искан, во западниот дел на ирачкиот главен град.

Џихадистичката група Исламска држава оваа година ги зајакна бомбашките напади во подрачја кои се под контрола на ирачките власти, а истовремено губејќи територии кои биле под нејзина контрола, благодарејќи на офанзивите на ирачките сили, кои се поддржани од САД, и шиитските милиции, поддржани од Иран.

ИД и понатаму контролира големи области во северниот и западниот дел на Ирак, вклучувајќи го и градот Мосул, кој е заземен од 2014 година.