Македонија
27. May 2016 - 9:24

Седум лица повредени во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 13 сообраќајни несреќи, од кои девет завршиле со материјална штета, додека четири се со телесни повреди. Пет лица завршиле повредени.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци. 

Триесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосници и 10 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувале на возилото.

Затекнати се и четворица пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 50 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Наум Охридски“, општина Гази Баба, а во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата од предучилишна возраст“ во детската градинка „25 Мај“ во објектите „Пони“ и „Морковче“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба.