Македонија
24. February 2016 - 9:38

Седум лица повредени во 12 сообраќајки вчера во Скопје

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје извршила увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

Шест од сообраќајните незгоди, се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на моторно товарно возило, еден сопатник и еден пешак.

Се случиле и три незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и двајца возачи на мопед.

Во текот вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 20 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Шест возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 возачи го управувале возилото по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола. Четворица возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, како и 10 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 35 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Петар Здравковски Пенко“ кое се наоѓа во општина Бутел, со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.