Македонија
30. July 2021 - 13:35

Седум лица меѓу кои три малолетнички повредени во сообраќајка во скопско

Синоќа во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Сарај-с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода фабија“, сопственост на МВР, а управувано од Р.Б.(27) од с.Арачиново, скопско и патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш.(42) од с.Арнакија, велат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатничката В.Е.(41) и уште три малолетни сопатнички од с.Арнакија, сите од возилото „сеат ибица“, а со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „шкода фабија“, Ф.Ш.(31) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.