Loading Video...
Фудбал
9. February 2020 - 17:00

Седум гола на дебито во Леверкузен каде Баер ја победи Борусија Дортмунд

Во Бундес лигата, дербито во Леверкузен каде Баер ја пречека Борусија Дортмунд заврши со седум постигнати голови. 
 
Домаќините кои први дојдоа во водство во продолжението двапати надополнуваа негатива, за на крајот со головите на Беили и Бендер во 81-та и 82-та минута да стигнат до полн плен и победа со 4:3. 
 
Со трите освоени бодови „фармацевтите“ од Леверкузен се на само два бода помалку од двете Борусии. 
 
Баер е петто пласиран со 37, а Дортмунд и Менхенгладбах имаат по 37 бодови. 
 
Дерби дуелот на двете првопласирани екипи Баерн (42 бода) и Лајпциг (41) се игра денеска во Минхен.