Бизарно но вистинито
9. September 2016 - 15:13

Седум години живеела во ковчег: Секој ден ја измачувале и силувале!

Жената која била затворена во дрвен ковчег, силувана и мачена седум години од 1977 до 1984 години, раскажува за пеколот низ кој поминала.
 
Колин Стен имала 20 години кога на 19 Мај 1977 години пеш тргнала на роденденска забава кај нејзина другарка во Орегон. Брачната двојка Камерон и Џенис Хукер ја забележале на патот и и понудиле превоз.
 
 
Колин верувала дека се работи за добри луѓе, а дополнителна верба добила и поради бебето кое било со нив во автомобилот. После половина час возење, Камерон скршнал од патот и го запрел автомобилот, и се заканил на Колин со нож, и ставил фластер на устата, и ги врзал рацете и и ставил кутија на главата.
 
- Мислев дека ќе умрам - раскажува Колин.
 
 
Веднаш потоа ја одвеле во својот дом во Ред Блуф во Калифорнија и ја ставиле во дрвен ковчег, кој го чувале под креветот. Во него минувала и по 23 часа на ден. Подоцна ја префрлиле во друг ковчег во подрумот. Пред да биде пуштена несреќната Колин била измачувана и силувана.
 
Камерон и се заканил дека е член на банда и дека во случај да се обиде да избега ќе ја најде и ќе ја убие. Ја присилил Колин да потпише договор во кој стои дека е роб на неговата банда.
 
- Камерон Хукер ми велеше дека тој е сопственик на моето тело и душа.
 
 
Манијакот ја горел, ја измачувал со електро-шок а најбизарното е што после 3-4- години Хукер ја однел Колин во посета на нејзините родители. Сепак таа тогаш била под целосна контрола на брачната двојка и на родителите им објаснила дека се придружила на одредена секта.
 
Колин раскажала на што размислувала кога била злоставувана.
 
- Научив да се изгубам во своите мисли. Се фокусирав на убавите спомени и луѓето кои ги сакам. Само избегајте од реалноста и одете негде каде што ќе се чуствувате угодно и сигурно, негде каде што сте среќни - додава Колин.
 
Во август 1984 година, Колин со помош на Џенис успеала да побегне. По нагодувањето со полицијата Џенис успеала да добие имунитет, пристапила на сведочење против својот сопруг кој добил 104 години затвор.
 
 
За време на судењето, вештаците се посомневале дека Колин пати од стокхолмскиот синдро, жртвата почнива да се поистоветува со своето злоставување поради високото ниво на ризик и стрес низ кое минала. Се верува дека Колин почнала да чуствува емпатија кон брачната двојка секој пат кога тие би и покажале најмал знак на внимание.
 
Колин сега живее во Калифорнија. Нејзиниот живот е преубав вели таа откако успеала да се ослободи од канџите на своите киднапери.
 
 
- Откако ќе се ослободите, како сите врати да ви се отворено - заклучува Колин.
 
Нејзината трагична судбина преточена е во документарен филм наречен "Девојката во кутијата."