Loading Video...
Фудбал
26. November 2020 - 15:47

Седум екипи сигурни патници во осминафиналето на Лигата на шампионите

Со одигрувањето на осум натпревари, комплетирано е 4.коло во фудбалска Лига на шампиони по кое познати се вкупно седум екипи кои на две кола до крајот на групната фаза веќе обезбедија пласман во нокаут рундата. 
 
Актуелниот европски првак минхенски Баерн од А група, Манчестер Сити и Порто од групата Ц, им се приклучија на Челзи, Севиља (Е група), Барселона и Јувентус (Г група), како сигурни патници во осминафиналето од елитното фудбалско натпреварување. 
 
Во дерби дуелите од синоќешната програма победи и тоа 2:0 забележаа гостите и тоа Аталанта славеше против Ливерпул, во Милано, Реал Мадрид го победи Интер, а со идентични 2:0 во Марсеј кај Олимпик се радуваше тимот на Порто.
 
Гостински триумф од 1:0 остварија и фудбалерите на Манчестер Сити против Олимијакос во Атина. 
 
На два од трите натпревари на кои се радуваа домашните тимови, резултатот беше 3:1 и тоа за Баерн против Салцбург како и Ајакс кој го победи Митјиланд, додека најубедливата победа ја оствари Борусија Менхенгладбах која со 4:0 го совлада Шахтјот. 
 
Единствениот меч на кој не беше постигнат гол се одигра во Мадрид во кој Атлетико ја пречека екипата на Локомотив од Москва. 
 
Веќе следниот вторник и среда на програмата се дуелите од претпоследното петто коло.