Живот
26. April 2017 - 14:38

Седум дена ги миела лицето и косата со вотка - сега не може да се препознае

Мојата кожа и коса најверојатно никогаш не биле во полоша состојба од сега. Секојдневно претерувам со шминката за да ги сокријам несовршеностите на моето лице, а косата ми е постојано во репче. Затоа одлучив недела дена да употребувам вотка за одржување на косата и кожата на лицето", се пожалила девојката по Што ја тестирала вотката .

Наводно вотката има голем број на предности покрај тоа што може да ве напие. 

"Мојата кожа и коса најверојатно никогаш не биле во полоша состојба од сега. Секојдневно претерувам со шминката за да ги сокријам несовршеностите на моето лице, а косата ми е постојано во репче. Затоа одлучив недела дена да употребувам вотка за одржување на косата и кожата на лицето", се пожалила девојката по Што ја тестирала вотката .

Лице

Помешајте подеднакво вотка и вода, па мешавината со помош на памук нанесете ја на лице. Истиот момент кога вотката го допре моето лице почувствував како кожата ми се затегнува и лади.

По една недела од оваа рутина, мојата кожа повеќе не беше толку масна, а инаку имам многу мрсна кожа. Така што ова е совршено решение за сите кои имаат мрсна кожа - но овој третман никако не им го порачувам на жените со сува кожа.

Коса

Доволно е во вашиот шампон да истурите еден шот вотка. На овој начин ќе ги отстраните сите нечистотии од косата и ќе ја направите сјајна.

Јас на почетокот се плашев дека вотката ќе го исуши мојот скалп како што го направи тоа со моето лице, но погрешив. Не само што косата ми беше посјајна, туку и другарките ми кажаа дека ми е свиленкаста.

Косата отсекогаш ми била сува, особено по бланширањето. Фактот дека на други им изгледа свиленкасто ме воодушеви. Дури и за време на дождливите и влажни денови, косата ми изгледаше совршено.

Отстранување на првут

Во една чаша вотка додајте три гранчиња рузмарин и оставете ја мешавината преку ноќта. Утредента исцедете ја течноста и втријте ја на скалпот. Оставете ја нека отстои половина час а потоа измијте ја главата со ладна вода.

Само после еден третман првутот речиси исчезна. Недела дена експериментирав со вотка и можам да кажам дека резултатите кои ги постигнав се фантастични. Не можам да се препознаам.