Живот
10. August 2015 - 10:23

Седум дена геј фестивал во Прага

Во Прага од денеска почнува еднонеделниот фестивал ,,Праг прајд" кој го приближува животот на хомосексуалците, лезбејките, бисексуалците и транссексуалците, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град. 

Петтиот по ред фестивал нуди 120 концерти, изложби, филмски проекции, спортски настани, дискусии и забави, а ќе заврши во сабота со карневалска Парада на гордоста во центарот на метрополата. 
На отворањето ќе настапи и австриската брадеста пејачка Кончита Вурст, која во 2013 година победи на Евросонг.
Со присуството на Вурст, според изјавата на еден од организаторите се прави обид да се привлечат повеќе хетеросексуалци отколку во претходните години, за што говори и годинашниот слоган ,,Сите сме подеднакво топли".