Свет
26. October 2016 - 15:49

Седум деца меѓу жртви од напад врз школо во Сирија, тврди Сириската организација за човекови права

Најмалку 22 цивили меѓу кои и седум деца загинаа при бомбардирање школски комплекс во сириската провинција Идлиб, соопшти Сириската организација за човекови права со седиште во Лондон.

– Воени авиони – руски или сириски – извршија шест удари во селото Хас при што погодија и школски комплекс, наведуваат тие.

Еден проектил го погодил школски влез додека ученици излегувале откако управата одлучила да се заврши наставата поради воздушната кампања.