Македонија
11. јуни 2021 - 8:30

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието за денеска се закажани седници на три комисии. Според веб страната на Собранието, седници треба да одржат комисиите за здравство, за европски прашања и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Закажан е и онлајн состанок на управувачките групи на Собранието и Шведскиот парламент на тема „Односот меѓу парламентарното мнозинство и опозицијата во демократските општества“.

Комисијата за здравство ќе расправа за измените на Законот за здравствена заштита во второ читање, а на дневен ред на Комисијата за европски прашања се измените на законот за инвестициски фондови и на законот за задолжителни нафтени резерви, двата во второ читање.

Членовите на Комисијата за земјоделство треба да разгледаат повеќе законски измени во второ читање меѓу кои измените на Законот за ловство, за рибарство и аквакултура, за квалитет и безбедност на ѓубрива, за органско земјоделско производство…