Македонија
16. July 2018 - 8:44

Седници на три собраниски комисии

- Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат три комисии.
 
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-завршната сметка на Буџетот на Република македонија за 2017 година со конечен извештај за извршена ревизија на усогласеност за 2017 година на основиот буџет.
 
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа за Финансискиот план за измена на финансискиот палн на Македонската радио телевизија за 2018 година, додека членовите на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања ќе го разгледаат образецот на изјавата за прифаќање на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија