Македонија
5. November 2018 - 8:57

Седници на собраниската Законодавно-правна комисија и Комисијата за политички систем

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Законодавно-правната и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се измени и дополнувања на Законот за Академијата за наставници, на Законот за наставници во основните и средните училишта, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за аудиовизуелните добра и изменување и дополнување на Законот за државната статистик, сите во второ читање.

Пратениците треба да ги разгледаат и предложените измени и дополнувања на Законот за извршување и Законот за нотаријатот, двата во прво читање.

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедницитеорганизира Јавна расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување