Македонија
27. April 2018 - 8:24

Седници на неколку собраниски комисии

Седници денеска ќе одржат собраниските комисии за здравство, за европски прашања, за транспорт, врски и екологија, за економски прашања и законодавно-правната.

На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства во прво читање. 

Пратениците од Комисијата за европски прашања во прво читање ќе ги разгледаат предлог-законите за енергетика и за странци. 

Предлог-законот за енергетика во прво читање е на дневен ред и на Комисијата за економски прашања. 

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија во второ читање ќе бидат разгледани предлозите-закони за изменување и дополнување на Законот за електронско управување,  на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.

На дневен ред во второ читање се и предлозите закони за изменување на законите за животната средина и за заштита на природата.

Законодавно-правната комисија ќе одржи три седници, 60., 63. и 65.

Седница денеска ќе одржи и Националниот совет за евроинтеграции, на чиј дневен ред е Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018 година.