Македонија
2. March 2018 - 8:23

Седници на Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија. 

Членовите на Комисијата за здравство треба да ги разгледаат измените на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, измените и дополнувањата на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, на Законот за санитарната и здравствената инспекција и на Законот за лековите и медицинските средства, сите во прво читање и поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство. 

Седници ќе одржи и Законодавно-правната комисија.