Македонија
7. March 2016 - 8:48

Седници на Комисијата за одбрана и Законодавно-правната комисија

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-законот за изменување на Законот за заштита и спасување, во второ читање. 

Законодавно-правната комисија ќе расправа за измените на Законот за заштита и спасување, во второ читање, а исто така ќе се расправа и за барањето за давање на автентично толкување на член 111 став 4 од Законот за административни службеници, поднесено од Градоначалникот на Општина Битола.