Македонија
7. October 2015 - 9:10

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се измените на повеќе закони во второ читање како што се Законот за Царинска тарифа, Законот за јавни набавки, Законот за експропријација, Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Законот за буџетите, Законот за ревизија....

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат по граѓанската иницијатива со предлог за донесување на Законот за дополнување на Законот за енергетика.