Македонија
11. November 2019 - 8:36

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт и за труд и социјална политика.

Комисијата за образование, наука и спорт ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спортот, по скратена постапка во второI читање поднесен одпратениците  Диме Велковски, Ејуп Алими и Мирослав Јовановиќ.

На седницата на Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред ќе биде Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, по скратена постапка во второ читање.