Македонија
27. May 2019 - 9:14

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања и за финансирање и буџет.

На дневен ред пред членовите и на двете комисии се   Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина, двата во второ читање.