Македонија
27. January 2021 - 8:23

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет и за образование, наука и спорт, Комитетот за односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, двата по скратена постапка и во второ читање.

Пред членовите на  Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог – законот за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и Предлог законот за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, и двата во прво читање.

Презентацијата на предлог-програма за работата на Комитетот за односи меѓу заедниците во текот на 2021 година, е на дневен ред на седницата на овој Комитет.

На дневен ред на седницата на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, во второ читање.