Македонија
3. February 2016 - 20:05

Седница на Уставен суд

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата поднесена на Законот за парничната постапка бидејќи за тоа е решавано во минатото, а не поведе постапка за иницијативата поднесена на Законот за кривичната постапка.

Судот поведе постапка за иницијативата поднесена на Законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација и Законот за стечај.

Оспорен е членот од Законот кој предвидува против решението донесено од вонпарничен суд за утврдување легален статус на бесправен објект кој треба да биде во стечајна маса, подоцна предмет да нема право на жалба.

Постапката е поведена по членот 5, став 6 од Законот, кој предвидува дека против решението од ставот 5 на овој член не е дозволена жалба. Постапката е поведена, како што велат од Судот, бидејќи  сметаат дека мора да има право на жалба против одлука во прв степен на суд на што упатува и амандманот 21 од Уставот со кој се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд.