Седница на Уставен суд
Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата поднесена на Законот за парничната постапка бидејќи за тоа е решавано во минатото, а не поведе постапка за иницијативата поднесена на Законот за кривичната постапка.
Судот поведе постапка за иницијативата поднесена на Законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација и Законот за стечај.
Оспорен е членот од Законот кој предвидува против решението донесено од вонпарничен суд за утврдување легален статус на бесправен објект кој треба да биде во стечајна маса, подоцна предмет да нема право на жалба.
Постапката е поведена по членот 5, став 6 од Законот, кој предвидува дека против решението од ставот 5 на овој член не е дозволена жалба. Постапката е поведена, како што велат од Судот, бидејќи сметаат дека мора да има право на жалба против одлука во прв степен на суд на што упатува и амандманот 21 од Уставот со кој се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка