Бизнис
2. March 2017 - 10:20

Седница на Советот за рамномерен регионален развој

Седница на Совет за рамномерен регионален развој ќе се одржи денеска во Владата.

Со 18. седница на Советот ќе раководи вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски. 

На дневен ред на седницата, на која ќе учествува и  министерката за локална самоуправа Ширет Елези, е утврдувањето на предлог одлуките за финансирање на проекти за развој на планските региони, за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата.