Македонија
23. February 2021 - 12:24

Седница на Советот на град Скопје за промена на имињата на улиците

Советот на Град Скопје денеска треба да расправа за предлогот за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади и мостови на подрачјето на главниот град.

Како што е веќе познато предложени се 570 нови и стари имиња на значајни личности, места, настани и поими, кои во иднина треба да се користат за именување на улици и други инфраструктурни објекти во градот.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе соопшти дека не се согласува и ги отфрла предлозите за нови имиња на улици на Градот Скопје и нема да гласа да го поддржи менувањето на имињата на скопските улици.