Македонија
19. September 2017 - 8:40

Седница на собраниската Комисија за надворешна политика

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за надворешна политика. 

На дневен ред на седницата е Предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија и Предлог - законот за ратификација на Договорот од Париз.