Македонија
26. September 2022 - 9:07

Седница на собраниската Комисија за европски прашања

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања.

На дневен ред се Предлог-законот за парничната постапка, Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог-законот за адвокатурата.

Членовите на оваа Комисија треба да го разледаат и Предлог-законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции.