Македонија
2. February 2016 - 8:39

Седница на Комисијата за економски прашања

Предлог-одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика за 2016 година денеска треба да донесе собраниската Комисија за економски прашања. 

Пратениците исто така ќе го разгледаат и Предлог Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2016 година, а на дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање.