Македонија
26. January 2016 - 15:11

Седница на ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е усвојување на оперативниот план за преземање активности во функција на вршење вкрстени проверки со базите на податоци добиени од други државни институции и утврдувањето на условите кои треба да ги поседуваат ИТ компаниите за вршење вкрстени проверки на Избирачкиот список.

Членовите на Комисијата ќе расправаат и за предлог правилниците за внатрешна организација и делокруг на работа на Стручната служба на Државната изборна комисија и за систематизација на работните места на Стручната служба на ДИК.

На дневниот ред на седницата е и  Заклучокот за објавување оглас за вработување 10 извршители на определено време во траење до 31 декември 2016 година. 

Како што информираат од ДИК, седницата е отворена за медиумите.