Македонија
25. September 2018 - 15:01

Седница на ДИК, се разгледуваат активностите за доставување на доверливиот гласачки материјал до ОИК

Државната изборна комисија попладнево одржува седница, на која, меѓу другото ќе ги разгледува барањата за добивање овластување за набљудување на претстојниот референдум.

Членовите на ДИК ќе ја разгледуваат информацијата за текот и активносите на Комисијата, во врска со доставување на доверливиот гласачки материјал до општинските изборни комисии и реализацијата други активности. 

Комисијата, исто така, ќе ги разгледува пријавите од граѓаните за гласање немоќни или болни лица.