Живот
27. February 2018 - 14:22

Седнал на столот за извршување на смртна казна, но се случило нешто неочекувано

61-годишниот Дојл Ли Хам, затвореник од Алабама "преживеал" извршување на смртна казна. Меѓутоа, неговиот адвокат вели дека Хам претрпел силна болка додека безуспешно се обидувале да му ја пронајдат вената во која би ја инјектирале смртоносната инекција.

Тврди дека неговиот клиент безуспешно бил боцкан во препоните, зглобовите и во долниот дел од ногата. Потоа погубувањето било одложено. 

Хам се борел со лимфом, а требало да биде погубен во четвртокот поради убиство на Патрик Канингем во 1987. година. Погубувањето било прекинато во 23.30 часот, бидејќи било заклучено дека не можат да му ја најдат вената и погубувањето нема да може да биде извршено пред рокот.

"Тие беа како месари, мојот клиент трпеше страшни болки", тврди адвокатот на Хам, Бернард Харкоурт.

Хам бил осуден пред 31 година, бидејќи за време на вооружен грабеж го убил Патрик Канингем, кој работел ноќна смена во мотел. Хам го признал убиството, откако двајца негови соучесници сведочеле против него во замена за помала казна. 

Џенифер Елис, американска адвокатка, објаснила дека постои можност затвореникот повторно да се погуби, ако го преживее првото погубување.

"Државата ќе бара право повторо да спроведе погубување, а адвокатот ќе тврди дека тоа би било сурово и необично. Сето тоа може да заврши на врховен суд. Без разлика на одлуката на судот, лицето не може да биде ослободено. Ако судот одлучи дека смее да живее, смртната казна ќе се смени во доживотна казна затвор", вели Елис.