Македонија
23. August 2017 - 15:41

„Седмица“ се огласи за труењето: Не сме виновни, владее епидемија на стомачен вирус

Ресторанот за брза храна „Седмица“ по 4 дена молк се огласди со соопштение. Тие тврдат дека не се одговори за наводното труење со храна на 26 лица. 

- Сакаме да ве известиме и воедно да ви  се извиниме за 4 дневниот молк од наша страна за настанатата ситуација. Поради сензитивноста на работата и ситуацијата сметавме дека е најдобро да ве информираме кога официјално ќе се добијат резултатите од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ и Државниот Санитарен инспекторат.

Бевме обвинети за труење со храна и веднаш медиумски нападнати во една потполно непозната ситуација за нас во тек на нашето 30 годишно беспрекорно работење. Ве известуваме дека по направените испитувања на примероците од храна и брисеви од работни површини и вработени, констатирано е дека храната ги задоволува сите стандарди и прописи за микробиолошка исправност, известија од Седмица.

-Сакаме и да им се извиниме на сите наши потрошувачи кои се пријавиле со стомачни потешкотии и имале конзумирано наша храна, меѓутоа не можеме да го занемариме и фактот дека се ова се случува во денови на голема епидемија на стомачен вирус , соопштуваат од ресторанот.

Од таму велат дека по завршувањето на целокупната процедура очекуваат ресторанот во Карпош 3 да биде отворен.