-->
-->
Седми триумф на МЗТ Скопје во Супер лигата
-->
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја оствари и седмата победа во домашното кошаркарско првенство.
Во натпревар од 7.коло на Супер лигата одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, кошаркарите на МЗТ Скопје во неизвесен меч беа подобри од гевгелиски Кожув со 79-75.
Со по 15 поени најефикасени во редовите на аеродромци беа Марко Симоновски и Ксавиер Темс, додека Ѓорѓе Дреновац средбата ја заврши со 14 постигнати поени.
Со оваа победа, а на три кола до крајот на Супер лигата, МЗТ Скопје и дефинитивно го потврди своето место во полуфиналето на плејофот.
Останатите два натпревари од ова коло ќе се играат претстојните два дена.
Утре, во Скопје, екипата на Карпош Соколи го пречекува Фени Индустри во натпревар кој ќе започне од 18 часот, додека во сабота од 17 часот ќе се игра средбата Куманово – Работнички.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 14 бода, Работнички 10, Карпош Соколи 10, Кожув 9, Куманово 7, Фени Индустри 7.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација