Македонија
9. February 2018 - 16:57

Седма македонско-грчка средба за мерките за градење доверба

Паралелно со преговорите за името,преставниците на министерствата на двете земји во засилен и проширен состав  работат на подобрување на  климата и градење стабилни односи мегу Македонија и Грција.

Денешните консултации се редовни, а се шпекулира дека на нив  мегу другото ке се анализираат и учебниците по историја во грчкиот и македонскиот образовен систем. Проектите за кои исто така  ќе се дискутира се поврзувањето во областите на транспорт и енергија, полициската соработка, цивилната заштита и иницијативи за деловна соработка. Претходниоте консултации се одржаа пред 6 месеци во Атина.  Ваквиот формат на разговори е промовиран  уште пред две години на средбата на министрите за надворешни работи во  Скопје, со цел преку решавање на  практичните проблеми да дојде до зближување на двете страни, а , во исто време,   да се олесни процесот на  преговарање за името. Коѕиас тогаш најави цела листа мерки за кои би се разговарало, а за пример го  посочи македонското барање за отворање граничен премин кај Преспа, Маркова Нога, како можност за развивање на туризам што би ги поврзало двете држави, за чие пуштање во употреба се договорија и двајцата премиери.