Фудбал
13. July 2016 - 9:03

Седлоски: Среќата ни го сврте грбот

Екипата на Вардар и нивниот тренер Гоце Седлоски можат само да жалат што по првиот натпревар од 2.коло од квалификациите на домашен терен со Динамо загреб не остварија поволен резултат. Противникот победи со 2:1 откако ги искористио своите шанси, но имаше и среќа бидејќи „црвено-црните“ во три наврати ја погодија рамката на голот.

-     Честитки за Динамо за победата. Моите играчи дадоа се од себе, но имавме силен ривал. Примивме два наивни гола, погодивме стативи, пречка, среќата ни го сврте грбот. Фудбалерите одиграа дисциплинирано до крај, но тој е резилтатот. Имаме уште 90 минути, нема да се предадеме, изјави тренерот на Вардар.

 

фото: www:fkvardar.mk