Македонија
25. April 2018 - 10:55

Седенката со таткото прерасна во хорор - драма во Скопје

Во 20 часот и 55 минути во Секторот за внатрешни работи Тетово, 77-годишниот  С.Г. од селото Брвеница се пожалил дека неговиот син, 53-годишниот М.Г. седел и пиел со него дома, а потоа се закарале и се изнервирал, па ја зел својата ловна пушка која ја поседувал со одобрениеп и испукал два патрона во плафонот.
 
С.Г. и М.Г. биле приведени во Полициска станица каде било констатирано дека двајцата биле под дејство на алкохол и истите биле задржани до нивно отрезнување.
 
Со потврда за привремено одземени предмети од С.Г. била одземена ловната пушка.
 
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, и се работи на целосно расчистување на случајот.