Живот
3. August 2015 - 9:44

Се жалел на отежнато дишење, му извадиле тумор тежок 15 килограми од стомакот

Хирурзите од Корум, централна Турција од стомак на пациент извадија тумор тежок 15 килограми, јави агенцијата Анадолија.

Средовечен пациент се жалел на отежнато дишење. При хоспитализацијата утврден е оток на нозете, наведено е во пишаното соопштение од Клиничкиот центар при Универзитетот Хитит во Корум.

На хируршкиот зафат работел цел тим најдобри лекари од овој центар. При тоа му е изваден тумор долг 65, а широк 35 сантиметри.

-Кога ја анализиравме литературата, забележавме дека ова е прв пат успешно да се изведе операција на тумор со оваа тежина. Пациентот по операцијата немаше компликации и продолжи со терапија. Ова беше многу ризична операција и технички тешко изводлива, но драго ни е што успеавме, вели еден од хирурзите кои учествуваа во операцијата.