Македонија
30. August 2016 - 16:25

Се зголемуваат квотите во аптеките, што значи повеќе количини за лекови по поевтини цени

Од 1 септември повеќе лекови по поевтини цени. Се зголемуваат квотите во аптеките.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски најави дека ФЗОМ дополнително обезбедил 80 милиони денари за лекови на рецеп до крајот на 2016 година и со ова треба да се надмине проблемот на кој укажуваа граѓаните дека неопходната терапија неможат да ја земат по поевтина цена. 

Во моментот 742 аптеки имаат 90 проценти искористеност на квотите. 

Новите средства ќе се поделат рамномерно на сите аптеки.

Груевски истакна дека од 2006 година досега двојно повеќе пари се издвоени за лекови на рецепт.

-Тоа значи повеќе од двојно средства се даваат за лекови на рецепт кои се најзначајни за граѓаните. Тоа укажува на една посебна грижа и посветеност во делот на добивање вакви лекови коишто им се најпотребни на граѓаните, истакна Груевски.

Груевски потсети дека последните неколку години  имало и девет пати намалување на цените на лековите.