Македонија
13. December 2018 - 14:50

Се зголемува заштитната цена на такси превозот во Куманово

Заштитната цена на такси во Куманово се зголемува од 50 на 60 денари, одлучија советниците на денешната седница.

Здруженијата на такси превозниците, претходно, информираа од општината, барале зголемување на заштитната цена и на цена од километар, бидејќи со сегашната цена не успевале да остварат финансиски бенефит.
 
-Поптполно ги разбираме потребите на такси превозниците, во услови на зголемени давачки дека не можат да остварат профит, но од друга страна мора да се заштитат и граѓаните и затоа не можевме да предложиме заштитна цена која тие ја бараа, што изнесуваше 70 денари, а цената на еден километар да се зголеми од 25 на 30 денари, вели претседателката на Советот Атина Мургашанска.
 
Со ова ќе се зголеми цената на чинење на такси превозот на куси релации и на овој начин, Мургашанска смета дека ќе се стимулира пешачењето, користењето јавен превоз и ќе се намали аерозагадувањето во Куманово.
 
Во последно време се намалува бројот на такси превозници во Куманово, делумно поради високите давачки, но и поради недостиг на работници.