Македонија
24. April 2019 - 16:44

Се зголемува уништувањето на трската покрај Охридското Езеро

Осум години не е направено истражување на  трската долж Охридското езеро .Експерите велат дека состојбата е загрижувачка ,последните наоди од терен укажуваат дека трската масовно се уништува со палење и сечењето за изградба на плажи,паркинзи и хотелски комплекси.И покрај тоа што на седницата на републичката комисија на Унеско во месец март  било предложено да се формира надзорно тело во кое ќе бидат вклучени претставници од надлежните министерства и експерти од хидробиолошкиот завод од Охрид кои ќе ја следат состојбата од сето тоа сеуште ништо.

Според последните истражувања направени во 2011 година било констатирано дека појасот на трската е намален  особено во струшкиот дел меѓутоа Талевска вели дека состојбата сега е далеку полоша бидејќи сведоци сме на помасовно уништување на трската .

Со уништувањето на трската која претствува природен биофилтер постои опасност и од загадување на охридското езеро.