Македонија
26. January 2016 - 10:04

Се зголемува бројот на заболени од сезонски грип во Кавадарци

Се зголемува бројот на заболени од сезонски грип во Кавадарци, а само во последната седмица се регистрирани нови 41 случај со грип, изјави денеска доктор Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Специјалистот епидемиолог Ристе Јовановски, додаде дека вкупниот број на грипозни оваа сезона се искачил на 140 или повеќе од дупло од минатата сезона, кога во овој период од годината во Кавадарци и Росоман се евидентирани 62 лица со ова  заболување.

Според Јовановски и понатаму најмногу на удар на грипот е популацијата на возраст од 15 до 64 години.

- Имајќи го во предвид искуството, очекуваме бројот на заболени од сезонски грип да се зголемува сега со стартот на второто полугодие од учебната година. Препорачуваме да се почитуваат превентивните мерки и избегнување на масовни собирања, рече Јовановски.